Беа лудо вљубени, а потоа донесе одлука да раскинат, од причина што веројатно би била неважна во денешно време…
На големите ѕвезди не им е лесно да го сокријат својот љубовен живот, бидејќи папараците секогаш им се позади петици, но некои од најголемите успеале во тоа. Кралицата на попот Мадона и Тупак Шакур, еден од најпочитуваните во историјата на рап музиката, биле во тајна врска во раните деведесетти.
Не е познато кога и како се запознале и се заљубиле, но во 1993 година заедно пристигнале на церемонијата на доделување музички награди, наводно само како пријатели. Како што еднаш кажа пејачката, нејзиното тогашно момче и откажало во последен момент и Тупак решил да и прави друштво.Мадона и Тупак не открија многу за својата љубов, а познато е дека сигурно биле во врска во текот на 1994 година. Сепак, тоа не траеше, а подоцна беше откриено дека раперот е тој што и раскина, а тоа беше поради бојата на кожата на Мадона.
Madonna & 2Pac pic.twitter.com/C9NsvV9HRU
— 𝗠𝗔𝗥𝗘𝗞 ♍️ (@volamsam) March 9, 2021
Имено, во писмото од 1995 година кое Тупак и го испратил на Мадона и до кое TMZ имал пристап, раперот пишува дека не е добро за неговата кариера да биде во врска со жена со бела кожа.
-Тоа што ќе те видат со црнец нема никако да ти ја загрози кариерата, дури може да направи да изгледаш поотворено и повозбудливо – напиша Тупак. – Но, за мене, поради тоа како ме гледаат благодарение на мојот имиџ, тоа би значело дека ќе разочарам половина од луѓето кои ме направија тоа што сум денес.
Раперот напиша дека тоа не е единствената причина и дека важен фактор е неговото его. Тој истакна дека му пречело едно од интервјуата на Мадона, во кое таа зборувала дека се гледала со многу мажи.
March 1st 1994 #2Pac attended The Magazine Party with #Madonna, Gianni Versace , Sting & more. in New York City 🌃🗽 pic.twitter.com/hGYhrJfFAL
— MAKAVELI🔺🪬 (@ThaLunatic_) March 1, 2022
– Во интервјуто рече: „Одам да ги рехабилитирам сите рапери и кошаркари“ или слично, а тие зборови длабоко ме повредија бидејќи не знаев дека си со друг рапер. Во тој момент,повреден или од мојот природен инстинкт да возвратам и да го бранам моето его, реков многу. Оттогаш, како што гледате, созреав и духовно и ментално. Веќе не ми е гајле како ме гледаат. Ве молам разберете ја мојата претходна позиција како млад човек со ограничено искуство покрај исклучително моќен секс симбол – напиша Тупак.Инаку, раперот во тоа време бил зад решетки и не било се обоено само од гнев и суровост. Тој ја предупредил својата поранешна девојка да се чува од луѓето кои не и посакуваат добро.
2Pac, Madonna, Raquel Welch, & Mommy
— K E Y P S I I A (@Hello_Im_Squint) December 3, 2020
The 90s pic.twitter.com/KOqmCUSxD9
- Те молам, Мадона, биди внимателна. Не се сите толку чесни како што изгледаат, има и такви чии срца крварат од завист и зло. Нема да се двоумат да те повредат – напиша Тупак. – Моите шест метри нека ви бидат доказ!
Станува збор за текст напишан на три страници, во кој Тупак се жали дека не е лесно да се биде со жена која е позната помеѓу „секој маж, жена и дете“ и барал од неа да го запомни по „магијата што ја споделиле“.
