Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сталоне ја обожавал, а потоа направил ДНК тест … БОМБА од 90-тите која му го скрши срцето на актерот денес не личи на себе…

Мажите копнееја по неа, жените сакаа да бидат како неа,а Силвестер Сталоне најмногу ја сакаше …

Американската манекенка Џенис Дикинсон (67) беше една од најуспешните жени во светот на манекенството во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век.

Благодарение на договорот со угледната агенција Ford Models, воспостави соработка со најпрестижните брендови, како Dior, Balmain, Revlon, Mac Factor, Versace, Oscar de la Renta, Calvin Klein …

Нејзиното прекрасно лице со остри црти и пркосен изглед ги красеше насловните страници на многу списанија, а само некои од нив се Harper’s Bazaar, Cosmopolitan, Photo, Vogue, Marie Claire, Playboy …

Себеси се нарече првиот супермодел и тврдеше дека таа го измислила овој збор, иако многумина тврдат дека таа е присутна во медиумите од 40-тите години на минатиот век.

Во секој случај, Џенис Дикинсон беше ретка природна убавица, на која нејзиното лице и донесе многу успех, слава и богатство.

Меѓутоа, Џенис во последните години ретко ја гледаме и впечатокот што го остава е ретко добар, а причината се бројните операции и процедури кои до непрепознатливост го промениле нејзиниот изглед.

Пластичната хирургија не ми е туѓа – признала таа во едно интервју пред неколку години.

Наводно направила се за да си го промени лицето, а во 2015 година му ветила на својот син Нејтан дека никогаш повеќе нема да оди „под нож“.Џенис во последно време претпочита да се држи настрана од медиумите, иако со години е ТВ-лице и понекогаш не може да одолее на можноста да се прошета на црвениот тепих. Таа сепак во најголем дел се држи настрана од јавноста и не е експонирана како порано, а нејзините фотографии често предизвикуваат негативни реакции и многумина ја нарекуваат антиреклама за естетска хирургија.

Џенис, инаку, се омажила четири пати. Таа беше во брак со Рон Леви, Сајмон Филдс, а од 2016 година е во брак со Роки Гернер, привремен психијатар кој еднаш ја изгуби лиценцата поради врска со пациент. Таа е мајка на две деца, синот Нејтан и ќерката Савана.

Сепак, најпознат детаљ за нејзиниот приватен живот секако е аферата со Силвестер Сталоне, која ја имала во 1994 година, во времето кога ја родила ќерката. Актерот тогаш беше во петгодишна врска со денешната сопруга Џенифер Флевин, а ја остави поради Џенис. Згора на тоа, тој раскинал со неа преку писмо и отворено и рекол дека сака да биде со Џенис.

Потоа се роди девојчето Савана, кое го доби презимето Сталоне, но актерот тогаш реши да направи ДНК тест, кој покажа дека тој не е татко на Савана. Парот потоа раскина, а ова е еден од најголемите холивудски скандали досега.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement