Прочитајте какви предизвици ве очекуваат во наредниот период, прочитајте го месечниот хороскоп за септември 2021 година.
Септември ќе биде месец на големи промени и напорна работа на себе за сите знаци на Зодијакот. Еве што им носи првиот есенски месец на сите хороскопски знаци…
Во првата половина на месецот, трпеливо ќе ги следиме правилата и прописите, ќе се обидеме да доведеме до крај сè што е започнато, ќе направиме доста многу поправки во куќата, ќе се изненадиме од приливот на пари преку разни придобивки, и ќе научиме нешто корисно за работата и за нас лично.
Ќе се обидеме да ја оправдаме довербата на другите, многу се грижиме за мислењето на околината и угледот во кој уживаме. Ова ќе биде особено изразено во наредниот месец, кога ќе вложиме максимални напори да се истакнеме и да ги исправиме сите претходни грешки што „фрлија дамка“ врз нашето име. Овој напор и работа на себе ќе се исплати.
Во втората половина на месецот, многу знаци ќе бидат принудени да тактизираат и да преговараат на работа, што ќе резултира со подобри позиции, профитабилни трансакции и подобри меѓучовечки односи. Ќе се формираат многу нови врски, поранешните противници ќе станат стратешки сојузници.
Во исто време, од 15 до 21 септември, многу знаци ќе се најдат на крстопат, во нерамнотежа помеѓу желбата за зајакнување на материјалната ситуација и неподготвеноста да се вложат напори да се оствари таа желба.
По 21 септември доаѓа период на хармонија и апсолутна согласнот и со другите и со себе. Сепак, постои голема можност тајните желби и страсти да излезат на површина и да ја нарушат оваа хармонија, иако повеќето знакови нема да се осмелат да ги спроведат тие желби.
Во средината на септември, многумина не само што детално ќе го исчистат својот дом, туку и ќе го украсат со некои интересни „гаџети“ за дизајн. На крајот на месецот, ќе посветиме големо внимание на социјалниот аспект, ќе се обидеме да го прошириме кругот на пријатели и да ги обновиме врските.
Поволни денови: од 1 до 6, од 8 до 12, од 14 до 20, од 22 до 28, 30.
Неповолни денови: 7, 13, 21, 29.
