Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Со текот на годините ќе имате сѐ помалку пријателства, но оние кои ќе ви останат блиски ќе бидат најважните луѓе во вашиот живот…

  1. Не мора да бидете пријатели со пријателите на вашето момче, ниту со нивните девојки. Се разбира, во ред е ако се поврзете со нив и станете пријатели. Секако е препорачливо барем да ги почитувате и да се согласите со нив. Но, ако сте сосема различни, не е трагедија ако вашата врска никогаш не стане сериозна.
  2. Во исто време, колку повеќе стареете, и полесно и потешко е да најдете пријатели. Како што стареете, станувате сè посвесни за тоа кои квалитети ги барате кај вашите пријатели и кои сакате да ги избегнувате во широк лак, па затоа е потребно време да се сретнете со оние што одговараат на вашите идеали. Но, штом еднаш наидете на такви, наскоро станувате супер блиски и големи пријатели.
  3. Во доцните дваесетти ќе имате многу помалку пријатели, но тие ќе бидат најдобрите можни. Колку сте постари и позрели, толку ќе стане потесен кругот на пријатели. Многумина може да се оддалечат, а одржувањето пријателство на далечина нема да им биде лесно. Некои ќе продолжат со кариера, други ќе бидат преокупирани со создавање семејство. Но, оние што ги чувате ќе бидат со вас до крајот на животот.
  4. Некои пријателства ќе бидат потешки од другите. Можеби мислите дека неколку пораки на ден и средба еднаш месечно се доволни за одржување блискост со некого, но исто како што сите сме сосема различни, така се и пријателствата што ги негуваме. Некои од вашите пријатели кои ве сакаат и се грижат за вас можеби сакаат да ве гледаат многу почесто, и ако чувствата се меѓусебни, зависи од вас секогаш да најдете време и можност.
  5. Нема пријатели до најдобриот пријател од детството. Таа е сестра која доаѓа без непотребна семејна драма. Нема да ви дозволи да ја заборавите возбудата од првата симпатија, редовно ќе ве потсетува на сите глупости што сте ги направиле заедно, секогаш ќе знае како да ве насмее, но и да ве утеши кога е потребно. Пријателите од детството се највредното богатство.
  6. Ако ви пречи нешто што го прави вашиот пријател, зборувајте за тоа. Запомнете дека поентата на пријателството е токму во поврзаноста, блискоста и искреноста. Треба да бидете во можност да им кажете на вистинските пријатели сè, без двоумење. Со исклучителна доза на такт и почит, бидејќи ова се вашите најблиски пријатели, но поентата е дека не треба да има тајни, нетолеранција и интриги меѓу двајца блиски пријатели. Што и да ви пречи, зборувајте отворено за тоа.
  7. Многу од вашите пријатели не вредат да им посветите време. Во текот на животот, вашите приоритети ќе се менуваат, и паралелно, ќе сфатите дека некои пријатели едноставно повеќе не се вклопуваат во вашиот свет. Не жалете за неуспешните пријателства. Секоја лекција нè учи нешто. Смејте се на сеќавањата што остануваат зад вас и продолжете понатаму без никакво каење.
  8. Секогаш наоѓајте време за оние кои навистина го заслужуваат тоа. Некаде помеѓу работа, предавања, теретана и дружење со вашиот партнер. Колку и да изгледа тешко и непријатно. Важно е да посветите малку повеќе време и внимание на важните луѓе во вашиот живот отколку на СМС-пораките преку Whatsapp или Facebook.
  9. Мајка ти навистина може да ти биде најдобра пријателка. Откако ќе станете позрели, ќе сфатите дека и за тоа прашање, како и за многу други, таа беше во право.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement