Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Со години трпела насилни односи: Бела Хадид отворено за токсичните врски

Откако отворено кажа дека се бори со депресија и анксиозност, оставајќи го алкохолот веќе 6 месеци, убавицата одлучила јавно да го затвори кругот.

Кога минатата година сподели низа тажни срознати слики и видеа на нејзиниот профил на Инстаграм, дури тогаш јавноста дозна дека Бела Хадид се бори со депресија и анксиозност уште од нејзините тинејџерски денови. Очигледно решена да работи на своето ментално здравје, една од најубавите жени на светот набрзо потоа открила дека со години имала проблем со алкохолот (на 18-годишна возраст била фатена пијана зад воланот) и дека тоа е зад неа, присебна веќе шест месеци.

„Го сакав алкохолот и стигнав до точка кога почнав да ги откажувам средбите бидејќи мислев дека нема да можам да се контролирам“, изјави таа неодамна.

Очигледно решена да промени некои работи во животот, Бела сега отворено проговори за насилните врски во кои, како што додаде таа, цел живот креветот го делела со мажи, но и со жени.

Постојано им се навраќав на мажите, но и на жените кои ме злоставуваа, додаде таа во нејзиниот деби настап во подкастот VS Voices (Victoria’s Secret Voices).

25-годишната манекенка отворено ги раскажала проблемите на водителот Амади де Каденет, и дека делимично таа виновна за проблемите што ги поминала низ годините.

– Имав постојана потреба да ги задоволувам луѓето. Се случи да немам граници, не само сексуални, туку и ментални и емоционални, па тоа се одрази на мојата работна средина. Почнав премногу да им угодувам на луѓето со кои работам.

Во подкастот, таа ја објасни и можната причина за нејзиното однесување.

– Растејќи, секогаш имав чувство како да не ми се слуша гласот. Пораснав со мажи – без разлика дали тоа беше љубов, семејство или трето – тие секогаш ми велеа дека мојот глас е помалку важен од нивниот. Кога созреав, влегов во врски во кои исто така не се слушаше мојот глас и тоа влијаеше на мене и на моите односи со другите луѓе. На крајот, мојот нервен систем не можеше да издржи и можев само едно – или да се тепам или да побегнам, изјави Бела и призна дека оваа фаза од животот конечно е зад неа.

Иако не ги именувала луѓето со кои била во токсична врска, голема е можноста да е Weekеnd токму еден од нив – манекенката била во врска со музичар четири години, од 2015 до 2019. Денешната романтична врска со арт директорот Марко Калман (33) ја прави среќна, таа е исполнета со љубов, и конечно може да каже дека се стабилна добра двојка.

– Најважно е доволно да работиме на себе, да поминуваме време со себе за да ги разбереме предизвикувачите кои поттикнуваат траума кај нас и да научиме што повеќе за сопствената болка и како да се справиме со неа.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom