Софија Вергара блескаво пристигнала на снимањето на шоуто „America’s Got Talent“ во Лос Анџелес. Како член на жирито на популарното талент шоу, атрактивната Латиноамериканка се погрижи со стил да дојде на снимањето и да привлече внимание со својот аутфит.
За да дојде да ја снима новата епизода на шоуто America’s Got Talent, Софија Вергара одбрала комбинација во нејзиниот препознатлив многу женствен стил. Познатата убавица носела црн фустан со миди должина кој ја следи линијата на телото украсен со светки и пердуви.
Еднакво гламурозни како фустанот биле и црните сандали кои ги одбрала 49-годишната актерка, модел со вртоглаво висока тенка потпетица и платформа украсена со сребрени штрасови. Целосниот контраст со фустанот и штиклите беше зелено-сив капут во војнички стил со големи џебови и ремен околу половината.
Убавата Софија на стајлингот додаде големи висечки обетки и дијамантски прстен, како и црни очила за сонце во авијатичарски стил.





