Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува со молскавична брзина, тој не ги разбира ниту членовите на своето семејство.
Минатата година, на Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија, мозочна болест која го принуди да се повлече од актерството. Пред само неколку дена семејството на холивудскиот актер во јавноста ја објави вистинската дијагноза – фронтотемпорална деменција. Станува збор за болест која се јавува од 55 до 65 години. ФТД е познат како поретка форма на деменција, во која меморијата е помалку засегната отколку кај Алцхајмеровата болест, а симптомите можат да бидат различни.
Целото семејство е максимално посветено на актерот, а сегашната и поранешната сопруга се обидуваат со заеднички сили да го поддржат.Сепак, извор близок до семејството открил дека Брус Вилис полесно од другите го препознава гласот на својата поранешна сопруга, поради што Деми Мур разговара со него секој ден.”
Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него,му се јавува на Брус за да и го слушне гласот. Брус не може многу да зборува и се чини дека многу малку разбира за тоа што му го кажуваат“, рекол изворот, додавајќи дека семејството е свесно дека актерот нема да биде со нив засекогаш.

Изворот откри дека семејството се уште се мачи да ја прифати тажната вест за новата дијагноза, но и дека актерот „се уште е присутен и со нетрпение го чека доаѓањето на своето прво внуче“.
“Семејството го цени секој момент. Тој сака неговиот внук да има среќен спомен на дедо му кој бил присутен и активен во неговиот или нејзиниот живот. Тој цврсто верува дека на бебето ќе му го даде најдоброто од себе. Има денови кога гледаат стариот Брус,но тие денови се поретки.Изгледа се повеќе се оддалечува од нив и им ги крши срцата.Беше болно да го гледаат како пропаѓа.На постарите ќерки им недостига стариот Брус-оној што ги задеваше за нивните дечковци и им даваше духовити совети“, додаде тој.
Луѓето со фронтотемпорална деменција можат да се однесуваат несоодветно, да зборуваат грубо, да се однесуваат импулсивно, да го повторуваат истото дејство одново и одново, секогаш да одат до истото место, да земаат туѓи предмети и да ги ставаат во уста, можат да се прејадуваат или да јадат само еден вид храна.
