Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

СОНОВНИК: Што значи ако сонувате циркус?

Во секојдневниот живот, циркусот е нешто што нè забавува, но во светот на соништата има сосема поинакво значење. Според некои толкувања, циркусот често го сонуваат луѓе кои сакаат нечие внимание, најчесто вниманието на брачниот другар.

Гледањето циркус има негативно значење и симболизира мамење. Може да станува збор за зближување со луѓе со кои ќе се чувствувате среќни и безбедно, но во одреден момент ќе има основано сомневање за нивните намери. Овие луѓе ќе ве искористат и ќе ве остават на многу грд начин.

Учеството во циркуска претстава значи дека ќе се чувствувате засрамено. Ќе се шират многу грди озборувања за вас, и некој ќе го стори тоа намерно – со намера да ве уништи. Колку и да се трудите, за жал, тешко ќе излезете од интригите во кои ќе паднете.

Гледањето на циркусот и напуштањето на претставата пред да заврши, симболизира враќање на вообичаената рутина. Ќе им се вратите на луѓето и активностите во кои уживавте и кои навистина ве исполнија. Искористете ја секоја можност да го сторите тоа, затоа што ве очекуваат многу предизвици и обврски.

Да сакате да гледате циркус е повик е да работите на себе. Сакате да ги подобрите односите со другите и да го проширите вашиот круг на пријатели, но одбивате промени. Време е за детална самоанализа и суштински промени во контактот со другите.

Циркусната поворка се однесува на вашите таленти. Дали имате некој скриен талент? Дали сте подготвени да го покажете вашиот талент на другите? Овој сон е повик за подобрување на вештините што ве красат и во кои можете да постигнете.

Циркусните животни се повик за подобра самоконтрола и изразување на сопствените чувства. Имено, поради ненадејната природа, честопати сте погрешно разбрани и перцепирани од околината како агресивни.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement