Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сликата на Ботичели на аукција

Алесандро ди Маријано ди Вани Филипепи, познат како Сандро Ботичели, бил италијански сликар од раната ренесанса…

Некои од неговите најпознати дела се „Раѓањето на Венера“ и „Пролет“, обете се наоѓаат во галеријата „Уфичи“ во Фиренца. Сега, 550 години подоцна, на аукција се појави портрет на Сандро Ботичели на богат и убав млад човек, познат како „Млад човек со рондел“, со проценета вредност од 80 милиони долари.

Ова е посебна пригода за аукциската куќа Sotheby’s , бидејќи повеќето дела на Ботичели можат да се видат само во музејски колекции. Портретот, наводно, бил дел од колекцијата на Лордот Нубороу во раните 30-ти години на минатиот век, за потоа да се продаде на сегашниот сопственик по цена од 30 милиони долари. Овој портрет неколку пати бил гостин на Националната галерија во Лондон, Музејот на модерна уметност во Њујорк, Националната галерија на Вашингтон и Музејот Стадел во Франкфурт.

Според наводите, можеме да видиме член на семејството Медичи на сликата за која зборуваме, а како што дознаваме, уметничкото дело ќе се најде на аукција во јануари следната година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement