Раперот Кане Вест не запира со скандали, дури и ако губи многу пари и спонзорства. Така тој повторно се најде во центарот на скандалот, откако беше откриено дека јавно покажа експлицитни слики и видеа од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.
Познатиот спортски бренд ја прекина соработката со раперот Кане Вест поради неговите антисемитски изјави, а сега поранешните вработени тврдат дека раперот на вработените им покажувал експлицитни слики и видеа од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан како „тактика на заплашување“.

Магазинот „Rolling Stone“ објави дека еден член на креативниот тим рекол дека Вест му покажал експлицитна слика од Ким за време на интервју за работа во 2018 година.
– Мојата сопруга само што ми го испрати ова – наводно му рекол раперот додека на својот телефон покажувал „многу провокативна и приватна слика од Ким Кардашијан“, пренесува „Page six“.
Најмалку уште еден поранешен вработен на креативниот тим Yeezy вели дека истата година, Канје Вест му покажал експлицитно видео од неговата поранешна сопруга, која поднела барање за развод во 2021 година.
Истите обвинувања ги упати и трето лице кое рече дека дизајнерот „не се плаши да покаже експлицитни слики или да зборува за ситуации кои треба да останат приватни“.
А обвинувањата се упатени во отворено писмо до кое дојде магазинот „Rolling stone“.
Во него, високи вработени во Yeezy им кажале на директорите на модниот бренд дека го исклучиле нивниот „морален компас“ и наводно и дозволиле на Вест да создаде „навредлива“ култура во компанијата.

Вест е обвинет дека на вработените им ги прикажувал своите порно снимки.
- Чувствувам дека беше тактика да се скрши личност и да се воспостави непоколеблива лојалност кон себе, тестирајќи и уништувајќи ги човечките граници – рече едно лице, додека друго тврдеше дека Вест конкретно ги таргетирал работниците.
Вест и Ким Кардашијан се уште не се изјасниле за овој скандал, пишува „Page Six“.
