Ирина Шајк е светски позната убавица и една од најбараните модели на денешницата!
Ирина Шајк е родена во Јеманжелинск, а на 20 години реши да влезе во светот на манекенството. Не и било лесно, пред се поради јазичната бариера, но и поради задевањата на другите девојки.
Луѓето размислуваат вака – убава си, облечи убави фустани, насмевни се, се мора да биде на своето место. Но, тоа не беше така.Ова е исклучително тешка работа, во која е подеднакво тешко да се успее – објаснила во една прилика, присетувајќи се како „на патот до остварување на својот сон многупати одела боса преку трње“.

Со текот на времето, таа се справи со непријатноста што ја доживуваше и почна да постигнува повисоки нивоа на успех.
Таа е позната по името Ирина Шајк, но малкумина знаат дека нејзиното вистинско презиме е Ирина Валериевна Шаихлисламова.
