Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сигурна е дека тој и е сродна душа, љубовта победи: Најконтроверзниот пар на светот повторно заедно?

Се шушкаше дека ја изневерил, па таа ги избриша сите слики од Инстаграм и се повлече од јавноста.Американската актерка Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели изгледа решија да и дадат уште една шанса на својата љубов.

Да потсетиме, филмската ѕвезда во средината на февруари ги избриша сите фотографии со својот вереник, а потоа и профилот на социјалната мрежа Инстаграм, но пред тоа сподели стихови од албумот Lemonade на Бијонсе, кои се однесуваат на Џеј Зи наводно мамење.

Сите протолкуваа дека сакала да истакне дека Машин Ган Кели ја изневерил со гитаристката Софи Лојд.

Сепак, по извесно време актерката го прекина медиумскиот молк и на Инстаграм објави дека нема мешање однадвор и дека „сите треба да ги оставиме невините луѓе на мира“.

Еден месец по целата драма, Меган Фокс се појави на после-забавата на „Vanity Fair“ на Оскарите поубава од кога било и без веренички прстен, што дополнително ги подгреа сомнежите дека решила да ја остави врската со музичарот зад себе.

Сепак, како што објави Daily Mail,двајцата сепак решиле да и дадат уште една шанса на својата врска, па биле видени на Хаваи на одмор како уживаат и се држат за рака.

Како што изјавил извор за Daily Mail, парот официјално е повторно заедно откако поминале низ тежок период во нивната врска.

  • Последните неколку месеци и за двајцата беа тешки, но решија да отпатуваат за да си ги залечат раните.Сепак вредеше,сега се чувствуваат поповрзани од кога било – рекол изворот и додал:

Меган верува дека Колсон (Колсон Бејкер е вистинското име на Machine Gun Kelly, уред.) е нејзината сродна душа. „Таа никогаш немаше намера да се откаже од нив, но сметаше дека треба да поминат квалитетно време заедно“, додал изворот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement