Познатиот пејач Шон Мендес ги подгрева гласините дека нашол нова љубов по раскинувањето со музичката ѕвезда Камила Кабело.Странските медиуми шпекулираат како Шон Мендес (24) си нашол нова девојка, а го поврзуваат со докторката Хозелин Миранда (51). Повторно беа забележани заедно во неделата навечер, а потоа следниот ден повторно на кафе, па не е ни чудо што има толку многу наслови на оваа тема.
Пејачот дополнително продолжи да ги подгрева гласините за врска со двојно помладата Миранда, која е негова долгогодишна хиропрактичарка, откако беа видени заедно на забавата после доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес.
За големата музичка вечер во Лос Анџелес, познатиот хитмејкер облече кремаста чипкана кошула со копчиња со откопчан горен дел што ги откриваше неговите гради. Ја комбинираше со широки, балон панталони и црни чизми.

Слично беше облечена и дамата со која медиумите го поврзуваат,носеше кожна јакна само со едно копче и исклучително длабоко деколте. Двојката ги подгреа гласините уште минатата година, откако беа фатени на заеднички ручек во јули.

Оттогаш, тие се забележани заедно на различни места, па дури и во неговиот дом во Западен Холивуд.А сега двапати беа „фатени“ заедно за само два дена.
Хозелин работеше како негов личен хиропрактик со години, па дури и патуваше со него кога беше на турнеја. Од 2021 година, текстописецот роден во Канада, наводно, е сингл по раскинувањето со пејачката Камила Кабело (25).
Во ноември истата година, парот – кој дури соработуваше на заедничка дуетска песна наречена “Сењорита” – објави дека се разделиле по повеќе од две години врска.
Во тоа време во медиумите се пишуваа секакви работи, а странските таблоиди опширно истражуваа кои би можеле да бидат причините за раскинувањето на оваа двојка. Меѓу натписите имало и такви кои мислеле дека чувствата изумреле за убавата Камила, но и оние кои заклучиле дека Шон ја оставил, со оглед на тоа што таа качила неколку килограми вишок.
