Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Се чини дека секоја нова убавица што ја спојуваат со познатиот актер е се помлада и помлада,Леонардо ди Каприо ја остави Џиџи Хадид поради оваа убавица…

Медиумите многу пишуваа за тоа како се родила љубовта меѓу Леонардо ди Каприо и убавата манекенка Џиџи Хадид, но се чини дека таа сепак била „престара“ за него.Сите знаат дека ѕвездата од филмовите Catch Me If You Can, Gangs of New York, Once Upon a Time in Hollywood и многу други,тешко му “оди”со девојки постари од 25 години.Па, бидејќи Џиџи е родена 1997 година, односно сега има 27 години, изгледа дека е надвор од „границата“ на Лео.

Затоа и не е чудно што овојпат странските медиуми пишуваат за тоа како нашол уште помлада убавица. Холивудскиот заводник папараците го уловија со заносната актерка Викторија Ламас, која има 23 години.

Со оглед на тоа дека Лео сега има 48 години, не е тешко да се пресмета дека е постар од неа цели две и пол децении.Покрај сето тоа, има и една повеќе од интересна информација поврзана со неа. Имено, Ди Каприо стана светски познат и направи пробив со филмот „Титаник“ кој својата премиера ја имаше во 1997 година, а новата девојка со која е во пар се роди две години по тој филм.

Инаку, убавата Викторија е од славно семејство од Холивуд. Нејзиниот татко е херојот на акционите филмови од деведесеттите, Лоренцо Ламас, додека нејзината мајка е Шауна Санд, актерка и поранешна зајачица на Плејбој.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement