Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Се собра најдобриот медицински тим: Принцот Филип е хоспитализиран, кралицата е исплашена

Принцот Филип (99) бил хоспитализиран, пренесуваат сите британски медиуми и се кренала голема паника бидејќи некои таблоиди тврдат дека сопругот на кралицата Елизабета Втора е позитивен на вирусот корона.

Војводата од Единбург беше примен во болницата во вторникот вечерта, „како претпазливост“, бидејќи не се чувствуваше добро, објави Бакингемската палата. Иако таблоидите го тврдат спротивното, извор за „Би-Би-Си“ наведува дека неговата хоспитализација не е поврзана со вирусот корона.

Тој бил пренесен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон, се додава во соопштението. Иако лекарите веруваат дека нема простор за паника, кралицата Елизабета е многу вознемирена и исплашена. Извор од Бакингемската палата за „Би-Би-Си“ изјавил дека војводата бил пренесен во болница со автомобил, и дека бил задржан по препорака на лекар. Се очекува да остане во болницата неколку дена, поради набљудување и одмор.

  • Принцот Филип не се чувствуваше добро во изминатите неколку дена. Повикан е лекар и тој е пренесен во болница, но не за итно лекување. Нема никаква врска со вирусот корона – рече изворот, пренесува „People“.

Како што понатаму се наведува во скоро сите медиуми, принцот Филип е „расположен“ во болницата и верува дека наскоро повторно ќе и се придружи на кралицата Елизабета, која остана во Виндзор.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement