Раперката Ники Минаж реши да го покаже своето мало синче во јавност по три месеци, бидејќи повеќе не можеше да се крие.
Фотографијата од преслаткото момче наиде на прекрасни коментари, а многумина рекоа дека тој многу личи на неа.
Раперката Ники Минаж се породи на 1 октомври и го роди своето прво дете.
Ники и нејзиниот сопруг Кенет Пети, кој, патем, помина повеќе од десет години во затвор за силување, сега го открија полот на бебето.
“Благодарам на сите други кои ми испраќаат добри желби во ова време. Ми значи многу. Јас сум многу благодарна и заљубена во мојот син. Лудо го сакам…”, напиша Ники.
