Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Се откажал од училиштето,крадел од продавници за да преживее: Исповед на еден од најплатените актери во Холивуд ја шокираше јавноста…

Како млад имал големи соништа, но патот до нивното остварување бил трнлив.Пред да стане славен, Даниел Крег (55) откри како во младоста бил принуден да краде храна од продавниците за да преживее.

Британскиот актер, кој на сите им е добро познат по улогата на Џејмс Бонд, еднаш за Roling Stoun зборуваше за тешките времиња.

Во една прилика, рече тој, тој и неговата девојка во тоа време смислиле луд план да украдат замрзната патка.

  • Украдов патка, а таа ја стави под кошулата, преправајќи се дека е трудна – рече тој и додаде дека тоа не е толку страшно и дека продавниците „можат да си дозволат да изгубат една или две патки“.
  • Патем, крадев само од попопуларни продавници кои можеа да си го дозволат тоа. Сакам да го разјаснам ова. Но, знаете, немавме што да јадеме, а моравме да се храниме – објасни тој.

Даниел го напуштил училиштето на 16 години и се преселил во Лондон за да стане актер. Бил примен во Националниот младински театар, а по некое време почнал да добива мали улоги на телевизија до својата осумнаесетта година.

И тогаш не заработувал доволно за да си дозволи луксузни оброци.

  • Она малку што би заработил, би го потрошил на пиво и чаден лосос, а за вечера најчесто јадев пилешка или говедска чорба – се присетил актерот и додал дека понекогаш избегнувал да ја плати киријата.

Оттогаш, тој додаде безброј филмски класици во својата биографија и го отелотвори ликот на популарниот „Џејмс Бонд“ во дури пет филмови од таа франшиза.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement