Актерката и модел, заштитно лице на модната куќа Диор, Ања Тејлор-Џој тајно се омажи за своето момче, музичарот Малколм Мекреј, ексклузивно пренесува Page Six.
Како што пишува порталот, дваесет и шестгодишната актерка и нејзиниот една година постар партнер се венчале во судската сала во Соединетите Американски Држави.
Минатиот месец многу се зборуваше за нивната веридба бидејќи на раката на Ања е забележан дијамантски прстен. Тогаш се зборуваше дека парот планира голема свадба во Америка, откако таа го заврши снимањето на филмот „Furiosa“, сниман во Австралија.
Меѓутоа, веднаш по венчавката, Ања одлетала во земјата на кенгурите, каде што игра во продолжението на Лудиот Макс, кој претходно ги прослави Мел Гибсон и Том Харди. Во него, таа портретира помлада верзија на ликот кој го игра Шарлиз Терон.
Новопечените младинци се во врска една година, а во оваа фаза од нивниот живот кариерата им цвета. По маестралните улоги во филмовите „Emma“ и „Last Night in Soho“, таа е наградена со Златен глобус за Нетфликс серијата „Queen’s Gambit“, прикажана со голем успех низ светот.
Малком, во почетокот од неговата кариера се занимавал со актерството, но денес свири гитара и пијано во рок бендот More.



