Линзи Лохан, тинејџерската холивудска ѕвезда, викендов се сврши со своето момче Бадер Шамас. По две години љубов, парот реши да ја подигне врската на повисоко ниво.
Контроверзната актерка ја сподели радосната вест на својот Инстаграм профил, заедно со серија фотографии на кои го истакна својот блескав веренички прстен. „Љубов моја. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“, го изрази својот ентузијазам. Колку е ова романтично?
34-годишната актерка и нејзиниот сега вереник живеат во Дубаи, иако Линзи неодамна се врати во САД за да работи на новогодишната продукција на Нетфликс. Извор близок на парот, на почетокот на годинава за порталот „The Sun“ откри дека се работи за многу здрава и силна љубовна врска и дека „тој не е актер, не во забавната индустрија, туку раководител на фондови за богати луѓе во Credit Suisse.“ и бил убеден дека е само прашање на време кога ќе се ожени.
Па, изгледа дека бил во право, а што да се додаде, освен да им посака среќа во новата животна авантура.

