Актерката Кејт Мара и актерот Џејми Бел се еден од најмистериозните холивудски парови и имаат едно важно правило за „две недели“ кое помага да се зацврсти нивната врска.
Актерката Кејт Мара (40), најпозната по улогата на Зои Барнс во серијата „Куќа од карти“ и актерот Џејми Бел (37), кој доби награда Bafta за улогата во „Били Елиот“, љубоморно ја кријат својата љубов од јавноста.
- Сега кога Џејми е легално дел од моето семејство, тоа е неверојатна работа. Јас сум многу заштитнички настроенa кон нашиот брак – изјави актерката за магазинот Shape во 2018 година.
- Сите патувања што мораме да ги направиме и двајцата поради работа може да ни отежнат, но имаме правило дека не може да помине подолго од две недели без да се видиме. Дури и ако треба да го поминете цел ден во патување за да имате само 24 часа заедно, вреди да имате силна врска – истакна таа.
Како што откри Џејми Бел во 2017 година на шоуто на Џонатан Рос, двајцата се запознаа во 2005 година и го споделија својот прв бакнеж за време на аудиција.
- Ја запознав на аудиција за филм пред 12 години и никој од нас не ја доби улогата, но таа мораше да бакне многу други момци на таа аудиција. А таму имаше многу други луѓе, поп-ѕвезди, филмски ѕвезди. И очигледно отиде дома и мајка ѝ рече: „Како ти беше денот? и таа рече: „Бакнав многу момци денес, но Џејми Бел беше добар бакнувач“. – откри Бел во таа прилика.
- А потоа 12 години подоцна се венчавме – рече тој, за подоцна да додаде:
- Бев многу професионален! Се успеа на крајот, многу сум среќен поради тоа –
Тие официјално започнаа да се забавуваат во 2015 година
Во август 2015 година, една фотографија предизвика гласини за врска.
Костимографот и креативен директор Џони Вујек објави фотографија на Инстаграм на која јасно се гледа дека нешто се случува меѓу Кејт и Џејми, а тоа всушност било моментот кога двајцата се заљубиле, открила подоцна актерката.
Нивните чувства се развија за време на турнејата со филмот „Fantastic Four“.
Гласините за врската почнаа веднаш, но тие молчеа и уживаа.
Дури и Џејми подоцна, кога почнаа гласините за свршувачката, негираше дека тоа се случило.
Дури во 2017 година Мара ги потврди гласините кои кружеа една година и објави фотографија од прстенот на Твитер.
Are Kate Mara and Jamie Bell engaged? Not so fast… https://t.co/ce5hbhG5gI pic.twitter.com/wevfnxmr2h
— E! News (@enews) March 3, 2016
Тие се венчаа во јули 2017 година
- Ние всушност се венчавме од другата страна на нашата куќа. Буквално се разбудив во креветот и ја преминав улицата,а сепак ја имавме нашата церемонија, откри Џејми Бел во 2018 година.
Тој објаснил дека не можеле да ја најдат вистинската локација за венчавка и дека нивната сосетка била доволно љубезна да им го позајми нејзиниот имот.
- Така ја поминавме улицата и потоа кога заврши, преноќивме на тој имот и повторно ја преминавме улицата и дојдовме дома – рече тој.
Имаат две деца
Кејт Мара и Џејми Бел го добија своето прво дете во 2019 година, а пред тоа Кејт доживеа спонтан абортус.
Во втората бременост, во третото тромесечје, имала проблем со холестаза, заболување на црниот дроб поради што ззавршила на итен царски рез.
- Добивме бебе пред неколку недели. Еве ги нејзините стапала – пишувало во описот на фотографијата која тогаш ја објавиле.

Во јули минатата година Мара објави фотографија и објави дека е бремена по втор пат, но не сакаше да потврди кога ќе пристигне бебето.Но, во ноември минатата година, слично како и првиот пат, таа потврди дека роднините ги посетиле по втор пат и дека добиле син.
Тие никогаш не сакале да ги откријат имињата на своите деца, вешто ги кријат и деталите од бракот и се чини дека живеат вистинска холивудска приказна, но далеку од очите на јавноста.
