Раперката Карди Б е осудена на 15 дена општествено корисна работа бидејќи со шише нападнала работнички во стриптиз клуб, откако ja обвинила дека спиела со нејзиниот сопруг Офсет.
Како што објавија медиумите, актерката се договорила за признавање на вината, еден ден пред да започне нејзиното судење во судот во Квинс. Таа ја призна вината, а според прекршочната пријава – предвидена е казна од 15 дена работа од јавен интерес.
Ова ќе и овозможи на Карди да избегне затворска казна и осуда за кривично дело за тепачката во стриптиз клуб во 2018 година.
Таа потоа фрлила шише шампањ кон работник на стриптиз клуб. Од полицијата велат дека настанала тепачка во која биле фрлени столици, шишиња и цевки за наргиле…
По пресудата, новинарите ја прашаа Карди Б како се чувствува:
- Се чувствувам како што изгледам – добро.

Во изјавата по сослушувањето таа рече:
- Дел од растењето и созревањето е преземањето одговорност за вашите постапки. Како мајка, ова е практика што се обидувам да ја всадам кај моите деца, па затоа морам да бидам добар пример.
