Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО беше насекаде околу мене“: Познатата пејачка искрено зборува за тешкото детство…

Кристина Агилера некогаш беше најголемата тинејџерска ѕвезда, а позната е и по многу турбулентниот живот.

Кристина Агилера е поп пејачка, актерка, текстописец и продуцент, а нејзиниот прекрасен глас ги освои луѓето ширум светот пред 20 години.

Пејачката водеше многу турбулентен живот, многу се пишуваше за неа и нејзините навики, но нејзината блескава кариера секогаш беше на прво место. По разводот од нејзиниот втор сопруг Џордан Бретман, дури се појавија гласини дека Кристина го изневерувала со бројни жени кои ги донела во куќата.

  • Знаев дека морам да ставам крај. Не сакам да го повредам Џордан и целосно сум уништена што нашето семејство е растурено. Кога си несреќен во бракот, децата секогаш страдаат – рекла тогаш таа.

Кристина е дете на разведени родители, а покрај тоа е и жртва на семејно насилство. Нејзините родители се развеле кога таа имала седум години, па таа отишла во Пенсилванија со мајка и и сестра и да живее со баба и.

Пејачката собрала храброст дури по многу години и открила дека поттикот за распадот на нејзиното семејство бил нејзиниот татко и неговото малтретирање и контролирачко однесување. Кристина и во песни пеела за тешкото детство, а познато е и дека снимила документарен филм во кој зборува за деновите поминати во воената база и за малтретирањето кое го доживеала.

  • Кога бев мала, живеевме во воена база, а семејното насилство беше насекаде околу мене. Иако воената полиција би дошла да интервенира, таа не би променила ништо бидејќи нејзините припадници истото им го правеле на своите сопруги и деца. Кога зборувам за тој период од мојот живот, секогаш се трудам да разберам зошто морав да го поминам сето тоа. Се сеќавам дека еднаш бев малку погласна, а бидејќи тато сакаше да спие, ме фати за рака и ме тресна на подот – изјавила пејачката.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement