Кристина Агилера некогаш беше најголемата тинејџерска ѕвезда, а позната е и по многу турбулентниот живот.
Кристина Агилера е поп пејачка, актерка, текстописец и продуцент, а нејзиниот прекрасен глас ги освои луѓето ширум светот пред 20 години.
Пејачката водеше многу турбулентен живот, многу се пишуваше за неа и нејзините навики, но нејзината блескава кариера секогаш беше на прво место. По разводот од нејзиниот втор сопруг Џордан Бретман, дури се појавија гласини дека Кристина го изневерувала со бројни жени кои ги донела во куќата.
- Знаев дека морам да ставам крај. Не сакам да го повредам Џордан и целосно сум уништена што нашето семејство е растурено. Кога си несреќен во бракот, децата секогаш страдаат – рекла тогаш таа.
Кристина е дете на разведени родители, а покрај тоа е и жртва на семејно насилство. Нејзините родители се развеле кога таа имала седум години, па таа отишла во Пенсилванија со мајка и и сестра и да живее со баба и.
Пејачката собрала храброст дури по многу години и открила дека поттикот за распадот на нејзиното семејство бил нејзиниот татко и неговото малтретирање и контролирачко однесување. Кристина и во песни пеела за тешкото детство, а познато е и дека снимила документарен филм во кој зборува за деновите поминати во воената база и за малтретирањето кое го доживеала.
- Кога бев мала, живеевме во воена база, а семејното насилство беше насекаде околу мене. Иако воената полиција би дошла да интервенира, таа не би променила ништо бидејќи нејзините припадници истото им го правеле на своите сопруги и деца. Кога зборувам за тој период од мојот живот, секогаш се трудам да разберам зошто морав да го поминам сето тоа. Се сеќавам дека еднаш бев малку погласна, а бидејќи тато сакаше да спие, ме фати за рака и ме тресна на подот – изјавила пејачката.
