Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Селин Дион боледува од неизлечлива болест,лекови не и помагаат: Има страшни болки, нејзината сестра ги откри сите детали…

Сестрата на Селин Дион, која се бори со неизлечива болест која погодува еден од милион луѓе во светот, проговори зa состојбата на пејачката. Клодет Дион коментираше како се чувствува Селин Дион откако и беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.

Клодет зборуваше за медиумите во Монтреал и рече дека Селин моментално ја чува една од нивните сестри Линда, која живее со пејачката. Селин е родена во големо семејство, а е најмала од вкупно 14 деца. Лековите не делуваат на пејачката, но семејството не губи надеж.

„Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж. Селин треба да се одмори, јас длабоко верувам во тоа.Кога настапува, таа дава се од себе и повеќе, а во одреден момент телото и срцето ќе кажат – доста беше.Кога телото зборува, мораме да слушаме“, изјави Клодет Дион.

Синдромот на вкочанета личност е неизлечиво невролошко нарушување кое предизвикува неконтролирани мускулни грчеви и силна болка. Се проценува дека заболува едно лице од милион.

„Селин ги слуша водечките истражувачи и експерти во областа на оваа болест, а семејството верува дека еден ден ќе најде метод на рехабилитација што ќе и овозможи да се врати на настапите“, вели нејзината сестра.

Селин Дион (55) во декември минатата година објави дека и е дијагностициран синдром на вкочанета личност. Таа продолжи да настапува, но во мај поради силни болки и други компликации беше принудена да ја откаже светската турнеја.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement