Фатена на улиците во Њујорк!
Селена Гомез моментално ја снима хумористичната серија „Only Murders in the Building“ на Менхетен, која ја толкува Мејбел во главната улога. Покрај актерството, 28-годишната поп-пејачка е продуцент на серијата од 10 продолженија што следи тројца криминалистички ентузијасти кои решаваат случаи на убиства.
За време на паузата од снимањето, Селена прошетала по улиците на Њујорк, без да го испушти телефонот од рака, им поделила и неколку автограми на обожавателите од улица кои ја препознале и покрај фактот дека добар дел од лицето и бил скриен зад голема маска.



