Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Селена Гомез повторно се заљуби! Новото момче на поп принцезата е член на познато диџејско дуо, а неодамна стави крај на романсата со најмладата ќерка на Стив Џобс…

Откако раскина со музичарот The Weeknd во 2017 година, актерката и пејачка Селена Гомез се обидува да го задржи својот љубовен живот подалеку од љубопитните очи. Сепак, оваа недела низ медиумите почнаа да кружат приказни дека на сингл животот на поп принцезата и дошол крајот. Според американскиот Us Weekly, успешната пејачка ја освоил Ендрју Тагарт, член на познатото диџејско дуо The Chainsmokers…

Поранешната тинејџерска ѕвезда Селена Гомез повторно се заљуби.Според Us Weekly, нејзиното ново момче е 33-годишниот Ендрју Тагарт, член на познатото музичко дуо The Chainsmokers.Извори блиски до 30-годишната пејачка и актерка тврдат дека сакаат да ја држат романсата лежерна и подалеку од очите на јавноста, а овие гласини добија официјална потврда откако парот беше изведен заедно во куглана во Њујорк.

Пред неколку дена беа уловени на состанок во кугланата The Gutter во Њујорк. Фотографиите ексклузивно ги објави Page Six, а брзо се проширија на социјалните мрежи.

Очевидци рекоа дека пејачката и основач на брендот „Rare Beauty“ и музичарот уживале во времето заедно и дека се „бакнуваат како тинејџери“.

Извор близок до парот изјави за US Weekly дека пејачката не може да ги тргне рацете од избраникот и дека е многу приврзана за него.

Познатиот диџеј неодамна ја заврши романсата со 24-годишната Ив Џобс, најмладата ќерка на починатиот основач на Apple, Стив Џобс. Музичарот беше поврзуван и со моделите Шантел Џефрис, Мередит Микелсон и Хејли Роу.

Минатата недела тој беше гостин во подкастот „Call Me Daddy“, заедно со неговиот колега од The ​​Chainsmokers, Алекс Пал. Во сочно интервју, музичарите зборуваа за своите сексуални искуства и раскажаа како постојано се впуштале во тројки со обожавателки.

Пејачката и основач на козметичкиот бренд „Rare Beauty“ веќе некое време е сингл, но често во интервјуата дава до знаење дека е добро и без маж во животот.

Да потсетиме, американската пејачка и актерка од 2011 до 2014 година беше во турбулентна тинејџерска романса со канадскиот музичар Џастин Бибер. Парот често раскинуваше и се смируваше.

Во јануари 2017 година, таа започна врска со 32-годишниот музичар The Weeknd, а официјална потврда дојде во април кога објавија заедничка фотографија на Инстаграм.Иако однадвор делуваа како совршен и хармоничен пар, по една година раскинаа поради наводната претерана и честа разделба.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement