Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Селена Гомез лансираше платформа за ментално здравје: Во ред е да не си во ред!

Селена Гомез својата посветеност за подигање на свеста за менталното здравје го издигнала на едно повисоко ниво со лансирање на платформата „Wondermind“. Оваа компанијата ќе ја води нејзината мајка Менди Тифи и Даниел Пирсон, а „Wondermind“ во соопштението за јавноста е опишана како платформа која „го десигматизира и демократизира менталното здравје“.

Веб-страницата ќе служи како главен центар со дневна содржина, интервјуа со експерти и други алатки и ресурси – бесплатно.

Ќе има неделен подкаст на платформата со различни гости, вклучувајќи терапевти и познати личности кои се залагаат за ментално здравје. Ќе се разговара со истакнати психијатри и терапевти.

Исто така, ќе има интервјуа со познати личности и ќе им бидат поставени прашања кои досега не се одговорени, а се тесно поврзани со менталното здравје.

Во интервју за „Good Morning America“, Селена изјави: „Сакаме да бидеме место каде што луѓето се чувствуваат удобно да зборуваат за работи зад затворени врати. Навистина сакам луѓето да бидат разбрани, видени и слушнати. Во ред е да не се биде во ред“.

Кога Гомез откри дека има биполарно растројство во 2020 година, таа додаде дека поставувањето на дијагнозата и помогнало да воспостави врска со себе и дека и е важно да ги има сите тие информации. Таа нагласи дека грижата за менталното здравје е многу важна, особено за време на пандемија. Толку многу луѓе се борат и се справуваат со толку многу емоции, но и со празнината во себе. Многу е важно да се работи на менталното здравје, како и на физичкото.

Крајната цел на овој проект би била да се прошири Wondermind во продукциска компанија која исто така ќе објавува книги, дневници и стриминг содржини. Мајката на Селенима – Менди Тифи веќе има искуство во слични работи, бидејќи беше извршен продуцент на серијата „13 Reasons Why“. Самата таа истакна дека сака да го позајми гласот и просторот за работи кои се важни во текот на нејзината кариера.

Платформата е лична за сите тројца основачи: на Пирсон му е дијагностицирано опсесивно-компулсивно нарушување, на Тифи е отворена за нејзиното искуство со анксиозност, АДХД и зборува за траума од детството, додека Селена Гомез јавно зборуваше за справување со анксиозност, депресија и биполарно растројство.

– Секој човек има свој пат на ментално здравје. Ако го игнорираме, разубавиме или криеме од светот, тоа не ја менува реалноста и воопшто не помага – изјави Селена Гомез.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom