Со овој едноставен и ефективен потег, пејачката и актерка ги охрабрува своите следбеници да бидат онакви какви што се навистина, како што таа секогаш се труди да прави.
Една од американските поп принцези, повремено и актерка која моментално се докажува во популарната серија „Убиство во зграда“, Селена Гомез доби неподелени пофалби за нејзината линија на шминка Rare Beauty,не само за квалитетот на производите. Причината е нејзиниот ангажман за подигање на свеста за менталното здравје и прифаќање на сечија индивидуална, посебна и ретка убавина.
Сега Селена уште повеќе им се доближи на обожавателите со едноставен потег – објави неколку селфиња без трошка шминка и го покажа својот природен изглед.30-годишната девојка е облечена лежерно и сосема обично, ја пуштила својата брановидна коса, а под фотографиите напишала само: „Јас“.
Нејзиниот тен е бистар и нежен,а Селена изгледа помладо отколку на „монтираните“ фотографии. Таа не се ни обиде да го сокрие мозолчето под носот, а со ова издание собра милиони пофалби и лајкови, како и благодарност што ги поттикна другите да бидат среќни со себе.
Селена постојано ги охрабрува следбениците да бидат тоа што навистина се, како што таа се стреми да биде. Својата приказна ја претстави минатата година во документарниот филм „Мојот ум и јас“ во кој искрено зборуваше за нејзината борба со анксиозноста, депресијата и биполарното растројство и за сето она што го има автоимуната болест лупус, од која боледува веќе подолго време.Иако е ѕвезда, Селена се труди да живее едноставно на сите полиња, вклучително и во областа на негата на кожата.
Таа неодамна објави кои производи ги користи, а на списокот се и оние кои се продаваат овде и чинат десет евра, на пример, маската за лице Urban Hydration Gel или гелот Hydro Boost на Neutrogena.
