Карантин, љубов, цвеќиња и каде да се купи фустан како Селена Гомез?
26-годишната пејачка го објави спотот за новата песна на шпански „De Una Vez“. Пред премиерата, ѕвездата во едно интервју изјави: „Мислам дека чекањето вреди. За време на пандемијата, го сфатив токму ова – мора да научите да чекате. Беше прилично тешко, но генерално ме научи да бидам трпелива. Горда сум на моето наследство и отсекогаш сакав да пеам на шпански јазик. И тоа се случи сега – чувствувам дека ова е совршен момент. Со целата поделба на светот денес, во латиноамериканската музика има нешто што ги обединува луѓето на глобално ниво, ги прави да чувствуваат“. „Смешно е, но дознав дека подобро пеам на шпански“, продолжи Селена. „ Имаше многу работа. Сакам ова да биде прифатено од публиката за која го издавам синглот. Секако, сакам секој да ужива во музиката и да се стреми кон своите обожаватели. Но, јас сум фокусирана и на моето наследство и многу сум возбудена. Се надевам дека луѓето ќе разберат колку го вложувам моето срце во ова“.
Во новото видео, таа седи дома, а нејзиното топло срце трансформира сè наоколу, претворајќи ги растенијата и сивите sидови во расцветани градини. Но, главната работа во ова видео е самата Селена и нејзиниот нов имиџ. Не гледаме срамежлива девојка, туку возрасна, луксузна и сензуална жена. Стилистите ја украсија долгата коса на пејачката со цвеќиња, додавајќи големи обетки. Но, главната декорација беше фустанот на Селена – долг розов фустан Родарте со цветен принт и ракави во форма на фенер.
Сигурни сме дека овој фустан ќе стане хит оваа пролет, затоа брзаме да го нарачаме или да побараме нешто слично.
Уживајте во видеото!
