Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Сексот и градот“ на новото време? Реномирана серија која вреди да се гледа

Американскиот сценарист, продуцент и режисер Дарен Стар е автор на хит серијата „Емили во Париз“, но многумина можеби заборавиле за главниот „виновник“ креатор на легендарната ситком телевизиски серија „Сексот и градот“.

Во едно неодамнешноинтервју, тој бил запрашан какви промени би направил доколку денес го напише сценариото за пилот епизодата од таа култна серија.

„Денес не би работел на „Сексот и градот“. Пред 20 години, ги познавав оние луѓе за кои пишував. Го разбрав тоа време, ги разбрав ликовите и знаев што треба да се каже“, одговори тој.

Приказната се чини е готова за Дарен Кери, Миранда, Саманта и Шарлот бидејќи тој нема да биде вклучен во снимањето на рестартирањето со наслов „And Just Like That“ што треба да се снима и прикажува оваа година.

Во истото интервју, тој исто така го искажа своето мислење за тоа која нова серија моментално ја заслужува титулата наследник на „Сексот и градот“.

„I May Destroy You“ е „Сексот и градот“ за оваа ера, заклучи тој.

Станува збор за британска комична-драмска серија во продукција на BBC и HBO, напишана, продуцирана и режирана од Михаела Коел.

Таа исто така глуми во неа, младата писателка и ѕвезда на Твитер, Арабела, милениумска икона. Арабела ја притискаат роковите од сите страни и издавачите кои силовито бараат да ја заврши својата втора книга. Една вечер таа прави пауза од пишувањето и излегува со пријателите. Кога ќе се разбуди по излегувањето, Арабела сфаќа дека таа ноќ била сексуално злоставувана во клубот. Во обид да се справи со оваа траума, Арабела ги преиспитува сите аспекти од нејзиниот живот, и деловни и приватни.

Серијата ги воодушеви гледачите ширум светот, а меѓу нив има и многу познати личности.

Никогаш не сум почувствувал толку емоции одеднаш, напиша пејачката Адел на Инстаграм по гледањето на серијата. Михаела е вистински длабок талент, прокоментира Џејн Фонда.

Критичарите ја прогласија серијата за една од најдобрите во 2020 година и безрезервно ја пофалија темата, глумата, сценариото и режијата.

Многумина истакнуваат дека и покрај тешката тематика, ова е всушност една од најсмешните нови серии произведени од HBO, па обожавателите на интелигентниот и малку црн хумор ќе влезат тука во свои.

Имав среќа со тимот што го формиравме да работиме на оваа серија. Оваа приказна беше во моето срце и во мојот ум, ме обзема, рече Михаела.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement