Шајло Џоли-Пит (16) е првото биолошко дете на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит.
Шајло Џоли-Пит е веројатно една од најинтригантните наследнички на познатите личности, а за тоа многу придонесува нејзиниот стил.
Шајло уште од мала се сметала за момче, а на црвениот тепих носела машки костуми и кратка коса.
Многу често се споменуваше дека девојката сака да го промени полот, и дека се е подготвено за операција.
Сепак, пред две години се случи целосна промена.
Шајло почна да се облекува поженствено и да ја пушта косата, па минатата година сите беа воодушевени кога таа се прошета на црвениот тепих со нејзината мајка Анџелина Џоли и сестрата Захара во младешки, женствен фустан.

Сепак, Шајло Џоли Пит реши повторно да се трансформира, а вчера се појавија нови фотографии.
Шајло е фотографирана додека одела во продавница во Лос Анџелес, а во преден план била нејзината кратка фризура.

Во дуксер,шорцеви и патики, Шајло Џоли-Пит се прошета со новата фризура.

Сите веднаш забележаа дека таа сега уште повеќе наликува на нејзината мајка Анџелина Џоли, особено од нејзината фаза во раните 20-ти кога носеше кратка фризура.

