Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Светот со години се прашуваше – ШТО ПРАВИ ТАА СО НЕГО?! Познатата убавица ја изневерил сопругот, а сега очајно моли за прошка…

Таа е една од најубавите жени на планетата, а деновиве и е скршено срцето.

Американскиот модел и актерка Емили Ратајковски и филмскиот продуцент Себастијан Бур Меклард наводно ставиле крај на бракот.

Како што пишува Page Six, извор близок до парот рекол дека Емили е таа што ќе поднесе барање за развод, а тоа е затоа што била изневерена.

  • Да, ја изневерил. Тој е прељубник. Одвратно – рекол изворот.

Не беше откриено со која жена ја изневерил МекКлард, но дефинитивно беше првпат манекенката и актерката да се види без бурма. Според последните гласини, продуцентот се уште не се откажува од бракот со една од најубавите Американки.

– Себастијан ја моли да му даде уште една шанса. Тоа нема да се случи бидејќи истражувала и открила уште повеќе скандали што и ги правел зад грб – истакнал неименуван извор за споменатиот портал.

Наводно, Емили е нервозна затоа што верувала дека има нешто посебно со МекКлард, а парот има и заедничко бебе по име Силвестер Аполо, чиј пол ќе го дознаеме кога ќе наполни 18 години.

  • Тоа што го имаа беше навистина посебно. Сите нивни пријатели сакаа да ги гледаат во весниците и на насловните страници. Тоа беше убаво, но и најубавите врски, се разбира, понекогаш завршуваат на грд начин. Не ја знам вистината за однесувањето на Себастијан и не го бранам, но знам дека и двајцата се нервираат. Толку е тажно – додал изворот.

Да потсетиме, Емили Ратајковски и Себастијан Бур МекКлард се запознаа во 2018 година и веднаш влегоа во врска, а се венчаа само две недели откако почнаа да се забавуваат! На почетокот на 2021 година го добија своето прво дете, а манекенката тогаш ги изненади сите објавувајќи дека со години нема да го знае полот.

  • Кога јас и мојот сопруг ќе кажеме некому за нашата бременост, по честитките, сите прашуваат дали сакаме момче или девојче. Сакаме да одговориме дека нема да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години и тогаш само ќе ни каже – истакна манекенката и додаде: – Сите се смеат на тоа.

Парот важеше за моќен, креативен и уметнички дух, а често беа мета на озборувања. Имено, многу обожаватели на Емили и поединци во холивудските кругови веруваа дека манекенката која се прослави со појавувањето во спотот на Робин Тик за песната Blurred Lines во 2013 година, може да најде многу попривлечен маж.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement