На сетот на продолжението на планетарниот хит „Сексот и градот“, целото внимание на папараците беше насочено кон фантастичниот фустан на Сара Џесика Паркер, која ја игра улогата на Кери Бредшо. Откривме кој стои зад овој изглед што навестува голема модна иднина на новата серија…
Љубителите на модни комбинации Кери Бредшо можат да земат здив, бидејќи ако има сомнежи за нејзиниот непогрешлив стил во продолжението на хит серијата „Сексот и градот“, сега тие се замолчени.
Имено, ,,And Just Like That”, преродба на веројатно најпопуларната женска серија на сите времиња, моментално се снима на Менхетен, Њујорк, а овој пат нежниот син фустан на Сара Џесика Паркер го украде вниманието на папараците.
Станува збор за модел на легендарната американска дизајнерка Норма Камали, избрана од талентираната стилистка Моли Роџерс за ликот на Кери.

Асиметричното парче на едното рамо совршено се залепи за фигурата на познатата актерка и ги истакна сите нејзини атрибути, а целиот изглед беше надополнет со бел преголем блејзер и тренди сандали со кристали од италијанскиот луксузен бренд Aquazzura.
Ако ви се допаѓа овој фустан, ви предлагаме да побрзате бидејќи најверојатно ќе се распродаде со молскавична брзина.
Премиерата на серијата ,,И баш така” и нова доза модна инспирација на славното трио (за жал, без Саманта) се очекуваат во декември.
