И баш така… пристигна објавата.
Следното поглавје од култната серија „Sex and The City“ е горчлива тема уште од првото објавување дека ќе го гледаме тимот на SATC (освен Саманта) во нови животни околности.
„Здраво од Њујорк, поточно од Петтата авенија“, вели актерката Сара Џесика Паркер во видеото, додека во позадина свири препознатлива мелодија од оригиналната шпица.
Продолжението на серијата ќе се фокусира на ликовите Кери, Шарлот и Миранда во педесеттите години. Иако не сме Кери, не можеме да се запрашаме како ќе изгледаат новите епизоди без Ким Катрал во улогата на Саманта.
Сепак, фановите со нетрпение чекаат да видат што ќе се случи со озлогласениот љубовен триаголник г. Биг-Кери-Ејдан, додека со жалење ја примиле веста дека Вили Гарсон, кој го играше најдобриот пријател на главниот лик Стенфорд Блач, неодамна почина.
Видеото ја прикажува Сара зад сцената на снимањето на филмот „And Just Like That…“ што најавува емитување на продолжението на серијата веќе во декември оваа година.
И баш така… Премиерата ќе биде порано отколку што мислевме!
