Сандра Булок сега и официјално призна дека го напуштила актерството.
Познатата актерка Сандра Булок ги растажи фановите ширум светот кога во март оваа година објави дека планира пауза од актерската кариера, а сега го потврди своето заминување.
Никој не очекуваше дека толку брзо ќе ја предаде титулата најпопуларна актерка во Холивуд, но се чини дека Сандра цврсто одлучила дека е време да се посвети на помирно темпо на живот, далеку од камерата.
Во интервју за „Холивуд репортер“, Сандра Булок призна дека повеќе не се чувствува „способна да носи здрави и паметни одлуки“.
Во својата триесетгодишна кариера актерката има снимено околу 50 филмови, а интервјуто го започна со забелешка дека со нетрпение очекува да биде креатор на сопствениот живот, секојдневните обврски и распоредот воопшто. Иако е благодарна за сето она што го постигнала во актерската индустрија, отсекогаш била загрижена за нејзиниот приватен живот, на кој многу влијаела нејзината слава.
“Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица. Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него”, рекла актерката и открила дека се преслушала самата сериозено за успехот што го постигнала во 30-годишната активна работа.Си реков: Престани да бараш затоа што веќе го имаш и нема што да се докажуваш. Мораш да бидеш добра и без работата што ти треба како потврда за успехот“.Таа зборуваше и за соработката со продуцентката на филмот „Изгубен град“, Лиза Чесин и призна дека е среќна што соработувала со таква личност од филмската индустрија.
„Ако наеднаш заминам, сакам да го направам тоа со вистинската личност“, објасни актерката која ја играше Лорета во таа комедија и беше една од продуцентите на проектот. На прашањето кога ќе се врати на актерството, таа кратко рече „Не знам“.
Публиката со нетрпение го очекува нејзиниот нов филм „Bullet Train“, акционен трилер кој пристигнува на почетокот на август со Бред Пит, Мајкл Шенон и Џои Кинг во главните улоги.
Сандра Булок имаше неколку големи филмски хитови во последните десет години, меѓу кои и „Bird Box“ и „Ocean’s 8“.
