Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сама и гола талка по улиците: Актерката е сместена во одделение по психотична епизода…

Поранешната тинејџерска ѕвезда од романтична комедија била хоспитализирана 72 часа, откако наводно сфатила дека излегува од психотична епизода, се јавила на 911.

Актерката Аманда Бајнс била ставена под 72-часовен надзор на лекари во психијатриско одделение, откако талкала „гола и сама“ по улиците на Лос Анџелес. Актерката, на која претходно и беше дијагностицирано биполарно растројство, а и беше откриено дека користела недозволени супстанци, сама го запрела автомобилот и му кажала на возачот дека штотуку излегува од психотична епизода. Таа потоа се јавила на 911, а полицајците ја пренеле во блиската полициска станица каде стручњак за ментално здравје утврдил дека и е потребен привремен надзор. Се верува дека актерката не се здобила со повреди за време на психотичната епизода..

Во САД постојат оддели за итни случаи за возрасни кои можат привремено да сместат возрасни лица со ментални кризи, кои претставуваат закана за себе или за другите, а таквата психијатриска хоспитализација трае 72 часа. Биполарното растројство се карактеризира со манични и депресивни епизоди кои можат да траат од неколку дена до неколку недели. Бајнс наводно не ги земала нејзините лекови пред да биде примена во одделението, изјави нејзиниот поранешен вереник Пол Мајкл за Page Six.

Во саботата, само еден ден пред да биде пронајдена гола, Бајнс требаше да се појави на саем од 90-тите заедно со нејзините колеги од „All That“. Но, во последен момент таа го откажала доаѓањето, велејќи дека непозната болест ја спречила. Пред речиси една година со судска одлука беше прекинато старателството што нејзината мајка Лин го имаше осум години, а судијата одлучи дека ваквото законско уредување повеќе не е потребно. Актерката беше ставена под старателство во 2013 година, откако имаше неколку вознемирувачки инциденти, вклучувајќи го и наводното палење пожар пред нејзиниот дом.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement