Актерката Салма Хајек, на крајот на 2020 година, сподели слика во костим за капење на социјалната мрежа Инстаграм. Следбениците останаа без текст, со оглед дека актерката изгледа неверојатно на 54-годишна возраст.
Дводелното кафено бикини ги покажа облините што ги има Салма и затегнат и тенок струк.
„Никогаш не сум била посреќна да бидам здрава и да сум во контакт со природата“, напиша Салма споделувајќи неколку фотографии од одморот.
Салма е мажена за францускиот бизнисмен Франсоа – Хенри Пино. Иако се обидуваат да го држат приватниот живот подалеку од јавноста, сепак е познато дека парот се запознал на раскошна церемонија во Италија во 2006 година, тие се вериле во 2007 година кога објавија дека Салма е бремена.
Нивната ќерка Валентина сега има 13 години и честопати се појавува со нејзините родители на црвениот тепих.
