Австралиската оскаровка е позната по недооценениот женствен стил, но сега не можеше да одолее на аксесоарот со кој шармира реалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Актерката Никол Кидман е една од најдобро облечените жени во светот и воодушевува во секоја прилика со својот елегантен женствен стил.
Во нејзиниот моден „арсенал“ има многу балски тоалети, фанки парчиња кои се вклопуваат во свечени прилики и интересни парчиња облека кои комбинираат класика и актуелни трендови. Меѓутоа, Никол сега „падна“ на прилично необичен додаток, кој го популаризираше ријалити ѕвездата Ким Кардашијан!
Имено, Никол на Модната недела во Париз е видена во црно боди со големо тркалезно деколте и долги ракави, кои ги искомбинирала со широки фармерки во посветла нијанса. Таа сè зачини со очила за сонце во форма на пеперутка со раширени крилја, футуристички црн модел, кој Ким Кардашијан го носеше неколку пати во изминатите месеци.

Реакциите на фановите на Никол не се сјајни, па може да се прочитаат коментарите „Зошто дама копира старлета?“, „Никол се обидува да изгледа иновативно, но изгледа како глупава баба“, „Двете изгледаат глупаво, ајде да се соочиме тоа“, „Ова треба да биде интересно? Тоа е едноставно комично“…

