Џорџина ги воодушеви своите фанови во зелено дводелно танга бикини.
Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка ЏорЏина Родригез уживаат со своите деца на Сардинија, Италија. Имено, парот е фотографиран како ужива во сончевиот ден и морските радости на луксузна јахта со своите деца.
Она што особено привлече внимание е зеленото бикини на Џорџина, кое ги „запали“ социјалните мрежи, а нејзините облини дојдоа до израз.
Јахтата со која Роналдо и Џорџина пловат во водите околу Сардинија има пет луксузни кабини, шест бањи и модерна кујна, а цената на јахтата е 5,5 милиони фунти.Заедно со луксузната јахта доаѓа и екипажот кој е секогаш достапен, а дадилките се исто така дел од постојаниот екипаж на Роналдо.
