Ријана (32) со причина има повеќе од 90 милиони следбеници на Инстаграм. Скоро-голите фотографии се нејзин заштитен знак, а сега ги воодушеви обожавателите со уште една ваква фотографија.
Таа позираше во боксерки без градник, а градите ги покри со раката.
Додаде и многу накит, па ги истакна нејзините тетоважите. Нејзината фотографија покрај базен ја лајкнаа повеќе од осум милиони обожаватели.
„Како можеш да бидеш толку убава“, праша еден следбеник.
Пејачката лично ги рекламира своите линии за долна облека, а нејзината линија за шминка е исклучително популарна. Неодамна, „ЛВМХ“ објави дека модната линија „Фенти“ е ставена „во мирување“ до некои подобри времиња.
Причината не е само модната криза во светот, туку и неможноста на Ријана да соработува со студија во Париз и Италија, во текот на минатата година.
Производството на облека „Фенти“ е откажано, но не и долната облека, како и козметика и шминка, бидејќи ова се трите најуспешни категории на брендот на пејачката, и постојано цветаат.
