Милијардерката неодамна призна дека не се плаши од чинот на породување, туку од нешто друго…
Познатата убавица од Барбадос, пејачката Ријана (34) моментално е во третото тромесечје од бременоста и го носи своето прво дете. Досега беше прилично отворена за бременоста, за храната што ја сака и за начинот на кој планира да го воспитува своето дете.
Милијардерката неодамна призна дека не се плаши од чинот на породување, туку од емотивните последици кои овој процес ги носи со себе.
Таа во неодамнешното интервју за Вог изјави дека најмногу се плаши од постпородилна депресија. „Дали ќе се чувствувам надвор од контрола? Ова се приказни кои ги слушам од други жени и од кои се плашам“ – признала Ријана.
Како што вели, ја поддржувале многу блиски пријатели и членови на семејството кога биле во ваква ситуација, па верува дека идентична поддршка ќе и пружат роднините.
Сонита Александар, една од најдобрите пријателки на Ријана од детството, прокоментирала како пејачката одвојувала време за неа по породувањето.
– Цело време ми беше поддршка. Би рекол дека тоа беше најважниот момент во нашето пријателство. Таа е одлична тетка – се присети Сонита.
Ријана рекла и дека ќе го дои бебето, се додека телото и дозволува.
