Ријана облече нови чизми и изгледа опасно добро, но – не пробувајте го ова сами, станува збор за чизма на која веројатно сите ќе ви се смеат.
Имено, новата колекција на Баленсијага е создадена во соработка со брендот Вибрам, потпишана од грузиската дизајнерка Демна Гвасалија, мајсторот на таканаречениот „грд дизајн“.
Овој пат, тој замисли чевли со високи потпетици со врв што го следи обликот на прстите.
По сличен принцип се изработени и патики со подигната пета, штикли, кратки чизми…
Ријана избра црни чизми со потпетици кои чинат 1.290 долари, и ги комбинираше со ретро сет на „Vetements“, кој беше инспириран од тренерки од деведесеттите години.
Многумина ќе речат дека дури и вакво нешто на Ријана изгледа кул и убаво одговара со нејзиниот авангарден стил, но – замислете само да видите вакво нешто на девоката покрај вас на пешачкиот премин.
