Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ријана беше главна ѕвезда на Мет Гала: Иако не присуствуваше на познатата, остави впечаток…

Статуата на Ријана во музејот ја прикажува во тесен комбинезон, кој го претстави на мајската насловна страница на „Vogue“.

Ријана можеби ја прескокна овогодинешната Мет Гала поради бременост, но сепак успеа да биде главнa тема. Додека го чека доаѓањето на нејзиното прво дете со Роки, музејот Метрополитен и оддаде посебна почит.

Ријана сподели видео во кое јасно ја гледаме статуата откриена во понеделникот вечерта во музејот Метрополитен. Дигиталната статуа е рекреација на нејзината фотографија на која таа гордо го покажува трудничкиот стомак.

„Исклучи ја мермерната подлога!“, напиша Ријана под видеото на Инстаграм, пред да ја спомене овогодинешната тема на позлатеното доба. „Што е позлатно од тоа? Ви благодариме на музејот и на списанието „Vogue“ за ова историско признание.

Статуата на Ријана ја покажува пејачката во тесен комбинезон. Објавата на официјалниот Инстаграм профил на магазинот дополнително го објасни процесот на дизајнирање на прекрасната скулптура. Репликата на божицата РиРи – која сега е сместена меѓу над триесет илјади дела во музејската колекција на грчка и римска уметност (во дигитална смисла) – е направена по примерот на насловната фотографија на Ријана за мајското издание на „Vogue“.

Статуата „Ерина (персонификација на мирот)“ е обично најистакната мермерна божица на грчко-римската галерија во Музејот, но сега ја имаме Ријана, токму од овомесечната насловна страница на „Vogue“ – пишува на официјалната страна на списанието.

Во мајското издание на „Vogue“, Ријана го претстави својот култен стил на бременост, кој целосно го прифати откако ја откри својата бременост во јануари. Не дозволила да и се наруши стилот бидејќи телото и се менувало. Таа прикажуваше автентични парчиња во текот на целата бременост и го задржа својот моден печат.

  • Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што се смета за „пристојно“ за трудниците. Моето тело моментално прави неверојатни работи и нема да се срамам од тоа. Овој пат треба да биде прослава. Затоа што зошто би ја криела бременоста – објаснила таа.

Ријана исто така стана сентиментална, споделувајќи надежи за раѓањето на бебето.

„Таа ќе ме научи повеќе отколку што јас некогаш би можела да ја научам“, рече таа.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement