Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

РИJАНА вели дека ИМА ДЕНОВИ КОГА НЕМА ВОЛЈА ДА СЕ ОБЛЕКУВА: „Ќе бидам психо-мајка“

Најпознатата трудница, милијардерка и пејачка го откри својот режим на убавина во бременоста и каква ќе биде како мајка.

Славната пејачка, дизајнерка и убавица и моден магнат, „лошата девојка“ Рири го чека своето прво дете со раперот А $ АП Роки, но бременоста не е причина да се одмори, иако признава дека не се сите денови исти.

Моментално во третиот триместар од бременоста, таа вели дека има денови кога нема ни волја да се облече: „Шминката дефинитивно ми помага да се чувствувам како личност. Се фокусирав на хидратација и контурирање. Затоа што лицето ти е заоблено. Носот се шири. Се е предизвик, од тоа како да се облечете до тоа како ќе се шминкате. Но, сакам предизвици, работи кои ме прават креативна, со козметиката има толку многу што може да се направи.

Откако ја објави радосната вест за бременоста, Ријана е добредојдена гостинка во првите редови на модните ревии, но и активно го промовира сопствениот бренд и се појавува на бројни настани каде гордо го покажува својот стомак и, како и обично, ги крши сите модни правила. Нејзиниот изглед во бременоста предизвикува поделени мислења, но на Ријана, како и обично, не и пречи туѓото мислење.

Исто така изјави дека се пронаоѓа со мајчинските влијанија во нејзиното омилено реално шоу „The Real Housewives“. „Хедер Даброу е толку шик мајка. Сакам како им дозволува на децата да бидат тоа што се, ме инспирира. Но, Тереза ​​Џудис од Џерси не се шегува. Ќе те нападне за децата, а јас мислам дека ќе бидам таква мајка. Психо. Кажи нешто за моите деца и ќе завршиш“

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement