Токму кога помисливме дека сме виделе сѐ на церемонијата за доделување на Earthshot – Кејт во фустан од Александар Меквин (кој еднаш го носеше на БАФТА во 2011 година) и принцот Вилијам во ролка, војвотката и војводата од Кембриџ изненадија со неочекуван црнo-бели фотографии зад сцената на настанот.


Фотографот на кралското семејство, Крис Џексон (сопруг на стилистката на војвотката и блиска пријателка Наташа Арчер), направи серија црно-бели фотографии на Кејт и Вилијам во специфични моменти што се случија зад сцената на оваа престижна церемонија. Покрај неочекуваниот факт што сликите беа објавени на официјалниот Инстаграм профил на војводата од Кембриџ, можевме да видиме и ретки моменти на нежност и размена на интимност меѓу кралските сопружници.


Раката на војвотката околу половината на Вилијам и интензивните погледи на една фотографија, додека на следната во лежерни пози додека ја повлекуваат завесата, а исто така насочуваат насмеани погледи еден кон друг. Желбата на кралицата на Англија за јавно воздржување од какви било знаци на наклонетост и изразување на љубов кај кралските двојки е добро позната, од таа причина овие слики се навистина изненадувачки, но и за поздрав.



Сепак, за сето ова не можевме, а да не се запрашаме, дали инспирација нашле во Меган Маркл и принцот Хари? Позната е љубовта на војвотката од Сасекс кон црно-белата фотографија. Таа често објавуваше вакви слики на својот официјален Инстаграм профил, вклучувајќи објавување на свршувачката и нивната прва божиќна јавен честитка, а последен пат кога го роди нивното второ дете, ќерката Лилибет.
