Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Респект, ве молам: Неофицијалната химна на жените, која ја обожаваат и мажите

Иако никогаш не се сметала себеси за феминистичка икона, Арета Френклин зад себе остави музичко наследство што инспирираше и овласти неколку генерации жени. И сè започна со една песна.

Станува збор за песната „Respect“ (Почитување) на американскиот музичар Отис Рединг од 1965 година, која светска слава ја постигна само кога ја отпеа кралицата на соулот. Само неколку ситни измени можат да се видат во текстот на песната, но двете верзии се крајно различни.

Песната на Отис е еден вид плач на очаен маж кој е подготвен да и даде сè на жената во својот живот и да ѝ прогледа низ прсти ако за возврат добие одредена почит кога ќе се врати дома. Верзијата на Арета, Respect, е феминистички манифест на силна жена која знае колку вреди и која бара почит од нејзиниот маж.

Кога Рединг првпат ја слушна верзијата на Арета, тој му рече на славниот продуцент Џери Векслер: Девојката ми ја зеде песната од рака. Ова повеќе не е моја песна, и припаѓа нејзе.

Верзијата на песната на Арета стана важен дел од феминистичкото движење, но исто така и од движењето за човекови права во 1960-тите.

Преработката на песната била идеја на Арета. Сама го создала аранжманот, комбинирала пијано во песната заедно со студиските музичари познати како Muscle Shoals Rhythm Section, и додаде рефрен со додавање на „sock it to me“. Оваа позната фраза многумина (погрешно) ја толкуваат како сексуална двосмисленост во песната. Самата пејачка го демантирала ова и истакна дека песната зборува за жена која сака почит затоа што таа го заслужува тоа.

Многумина веруваат дека моќната интерпретација на песната е инспирирана од личните проблеми на американската пејачка со нејзиниот прв сопруг Теодор Вајт, кој наводно ја тепал и од кого се разведе во 1968 година.

Не само што песната и помогна да се ослободи од токсичната врска, туку и донесе огромен успех. За „Respect“, таа освои две Греми награди во 1968 година во категоријата најдобра rhythm & blues плоча и најдобра r ‘n’ b женска изведба. Прогласена за една од најдобрите rhythm & blues песни на сите времиња, а престижното списание Rolling Stone ја смести на петтото место на листата на најмоќни песни на сите времиња.

Покрај тоа, Respect е само една од причините зошто Арета Френклин била првата жена што влезе во Куќата на Славните на Рокенролот во 1987 година, со што им се отвори вратата на другите музичари.

На прашањето зошто песната постигна таков успех кај жените, но и мажите, Арета на тоа лесно одговорила: Сите сакаат да бидат почитувани.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement