Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Принцот Хари пристигна во Англија – но без неговата сопруга

Принцот Хари пристигна во Лондон без Меган Маркл.

Како што дознаваме, Хари отпатувал во Англија два дена по смртта на неговиот дедо, принцот Филип, за да присуствува на неговиот погреб.

Војводата од Сасекс пристигна на аеродромот на „British Airways“, додека Меган Маркл остана во Лос Анџелес поради напредната бременост.

Принцот се врати дома по скоро една година отсуство и ова е прв пат да се сретне со членови на кралското семејство по интервјуто што тој и неговата сопруга и го дадоа на Опра Винфри.

Бакингемската палата соопшти дека војводата од Сасекс ќе присуствува на погребот во сабота на 17 април во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор.

За разлика од неговиот брат, Хари нема да носи униформа, туку костум, бидејќи по неговото повлекување од кралските должности беа отстранети почесните воени титули и тој веќе ја нема улогата на генерален капетан на кралските маринци.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement