Децата на војводата и војвотката од Кембриџ можеби ќе растат во кралската палата, според сите монархиски принципи, но во нивната суштина – тие се како секое друго дете. Според тоа, нивните желби за секојдневни работи како играчки, игри и цртани се подеднакво изразени.
Принцот Вилијам откри дека принцот Џорџ, принцезата Шарлот, па дури и најмладиот принц Луис се воодушевени од видео игрите. „Дефинитивно сакаат да играат видео игри. Тие се фасцинирани од тоа. Посебно Џорџ, тој е најзаинтересиран. Другите две сè доста мали за тоа, но сакаат да гледаат филмови“.
Нивниот ројалист татко додаде дека тој и Кејт го проверуваат и регулираат времето што нивното мало трио го поминува пред екраните. „Засега е неопходно да се ограничат игрите и времето поминато пред екранот. Неопходно е да се биде внимателен со тоа“, изјави принцот.
Вилијам, кој е и претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност, откри дека е љубител на оваа индустрија. „Сето тоа е многу креативно“, рече тој и призна: „Сакам филмови, како и видео игри, исто така“.


