Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Преживеала гром и мозочен удар, Сега и е откриен тумор! Шерон Стоун во нова борба…

Актерката Шерон Стоун објави дека започнува нова борба – откри дека има тумор.На 14 години ја удри гром, во 2001 година преживеа тежок мозочен удар, претрпе малтретирање, а сега и е дијагностициран тумор кој треба што поскоро да се отстрани. Актерката Шерон Стоун на Твитер објави дека и била погрешна дијагнозата и дека започнува нова борба за своето здравје.

“Само што имав уште една погрешна дијагноза и неправилна процедура. Овој пат двојна епидурална. Како што се влошуваше болката, отидов на друго мислење: имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани. Особено за вас дами не се однесувајте како да не е важно, добијте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата, се е во ред“, рече актерката.

Фиброидните тумори се цврсти тумори кои се направени од фиброзно ткиво, па оттука и името „фиброиден“ тумор. Најчесто, фиброидите се појавуваат како повеќе туморски маси кои растат бавно и често не предизвикуваат симптоми. Фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката. Израстоците се состојат од мускулно и фиброзно ткиво, а големини се различни. Тие понекогаш се познати како фиброиди на матката. Многу жени не се свесни дека имаат фиброиди бидејќи немаат никакви симптоми.

Да потсетиме, Шерон на 14-годишна возраст ја удри гром, а кога во 2001 година доживеа тежок мозочен удар, лекарите и дадоа само еден процент шанса за преживување. Таа неодамна се отвори за нејзината борба да има деца и откри дека имала девет спонтани абортуси. Убавицата од екранот која ја паметиме од „Ниски страсти“ сега ја чека нова битка.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement