Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ПРЕД 36 ГОДИНИ БЕШЕ НАЈДОБАР ДЕЧКО ВО ХОЛИВУД, ЌЕ ВЕ ШОКИРА КАКО И ДЕНЕС ИЗГЛЕДА: Карате Кид имА 60 Години…

Верувале или не, поминаа дури 38 години од првиот дел на филмот „Карате Кид“. И како вчера, го гледавме Ралф Маци како Даниел Ларус.

Американскиот актер со италијанско потекло Ралф Маџо се прослави во познатиот филм „Карате Кид“ од 1984 година. Сите тинејџерки во тоа време беа луди по филмот, имаа постери во собите со актерот, кој го играше ликот на Даниел Ла Русо во тој култен филм.

Тој тогаш имал 22 години, но никој не се сомневал дека не е тинејџер. Судејќи по неговите најнови фотографии, тој сепак успешно им пркоси на годините.

Во една прилика се пошегува дека за неговиот вечно млад изглед се виновни неговите родители, кои исто така изгледаат младо, но и неговата енергија.

“Здравиот начин на живот не боли ако сакате да останете здрави и да се чувствувате младо. Но, мислам дека имав среќа кога станува збор за генетиката”, изјавил актерот во една прилика.

Тој е 34 години во брак со медицинската сестра Филис Фиеро, во која е вљубен уште од средношколските денови. Двојката има две деца, Џули (29) и Даниел (26), кој го доби името по најпознатата улога на нивниот татко.

Актерот, кој во ноември полни 61 година, по три продолженија на „Карате Кид“, сними неколку филмови, глумеше во мјузикли на Бродвеј, се појави во серијата „Грдата Бети“ и шоуто „Танц со ѕвездите“, но сето тоа остана во сенката на момче кое станува карате мајстор.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement